14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владејачката СДСМ вечерва излезе со жестоко соопштение околу Митко Чавков и ВМРО ДПМНЕ

Митко Чавков од ВМРО-ДПМНЕ беше на чело на БЈБ, а сега е осомничен за 27 април, тоа се „кадрите“ на оваа партија, реагира СДСМ на изјавата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ дека именувањето партиски телохранител за директор на БЈБ е скандал.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја злоупотребуваше полицијата, а Министерството за внатрешни работи по признание на тогашната министерка Гордана Јанкулоска го претвори во МВРО-ВМРО, не знае што се професионални и независни институции. Последен пример е токму случајот со Митко Чавков, партиска инсталација на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на чело на БЈБ, а сега е на обвинителна клупа. Судската постапка ќе покаже што сè правеле овие партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април кога беше нападното Собранието и беа загрозени животите на пратеници и новинари“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека назначениот директор на Бирото за јавна безбедност е професионалец, со долгогодишно академско и професионално искуство во служба на законите и обезбедување на безбедноста на граѓаните на државата.

Спонзорирано: