Тлото не се смирува, потрес од 7.3 степени според рихтер

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди северниот брег на Венецуела и ги стресе градовите се до главниот град Каракас, објави американската геолошка агенција.

Властите соопштија дека нема информации за настрадани или поголема материјална штета.