8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите најавуваат големо невреме, еве и кога

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 25 до 36 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност.

За време на викендот во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Позначителна промена се очекува во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.