13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката го објави со име и презиме: Еве кој сакал да го ликвидира Заев

Според обвинението за крвавиот четврток, обвинетиот Игор Југ требало да го ликвидира Зоран Заев. Во воведниот говор на судењето за упадот во Собранието на 27 април минатата година обвинителката Вилма Русковска рече дека од доказите што ги предложиле до судот, ќе докажат дека ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, бил запознаен од почетокот со сите случувања. „Агим Нухиу, освен првите 2 пораки, не го добил Чавков на телефон, а потоа не му одговарал на пораките“, рече обвинителката.

Таа додаде дека кога толпата веќе во 20 часот дивеела во Собранието, по повикот од командантот на ЕБР, Марјан Цветановски, до Митко Пешов, началник на одделот за специјални единици во МВР, дека треба да се реагира, наместо наредба за интервенција, добил наредба за состанок. „Пешов не бил ниту во Скопје. Бил во Кавадарци“, рече обвинителката.

Русковска рече дека ниту Душко Лазаров не презел ништо откако тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал специјални полициски сили за извлекување на пратениците од Собранието. „Златната команда пишувала докторат, сребрената не била во Скопје… Команда без команда“, рече обвинителката и додаде дека Абдулфетах Аљими, вработен како обезбедување во Собранието, не презел ништо, гледал мирно како пратениците ги насочуваат насилниците и му ги дал клучевите од средната врата на Горан Ѓошевски – Леви, шефот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски. Леви, според Обвинителството, добивал наредби од Чавков.

Спонзорирано: