16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бутикофер: Групата за поддршка за пријателство на Македонија во ЕП е рестартирана

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со европратеникот Рајнхард Бутикофер од Европската партија на зелените кој информира дека е рестартирана групата за поддршка за пријателство на Македонија во Европскиот парламент, на која тој е потпретседател.

„Не сме заинтересирани да видиме само решение на проблемот што го имавте со Република Грција, туку сме спремни и да се ангажираме и да помогнеме за отворањето на вратите на ЕУ за напредокот на Македонија и да дадеме помош, дури и во овој момент, иако преговорите не се почнати, за унапредување во соработката со ЕУ“, рече Бутикофер.

Заев го поздрави рестартирањето на групата за поддршка за пријателство на Македонија во Европскиот парламент и рече дека тоа е значајно охрабрување за македонските граѓани, парламентот и за Владата.

„Веќе нема земја во светот што не го препознава и признава нашиот идентитет по историскиот договор со Грција затоа што покажавме дека сме спремни да изнаоѓање решенија, а не да изнаоѓаме проблеми. Затоа референдумот е одговорност на сите во создавањето поубава иднина за новите генерации“, рече Заев.

Спонзорирано: