7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов данок: Криминалците ќе и плаќаат на државата за секој склучен дил

Криминалците во Австрија ќе мораат да плаќаат данок, чијашто висина ќе се одредува врз основа на износот на затаените пари, пресуди неодамна судот во земјата.

Финансиските власти сметаат дека сите се обврзани да плаќаат данок, независно дали ги стекнале приходите легално или нелегално, бидејќи правењето на разлика би довело до нерамноправен третман на граѓаните.

Ова би значело дека и макро, кој принудувал жени на проституција ќе биде соочен со судска постапка за затајување на данок. Судот во Корнојбург неодамна пресуди дека бизнисмен, кој веќе бил осуден за измама, е осуден и на финансиска казна во висина од 50 илјади евра, поради затајување на данок, а даночните власти редовно ќе покренуваат судење во вакви случаи.

Од данок поштедени се крадците, но не и убијците. Судот смета дека извршителот на убиството е должен да плати данок, бидејќи склучил деловен договор.