15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова прогноза: Еве какво ќе биде времето до петок

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 22 до 36 степени.

До среда и понатаму ќе биде топло, со попладневна нестабилност претежно во планините и особено на запад, а ќе е проследена со појава на локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Среда и четврток се очекува да се претежно стабилни и топли.