20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ апелира до дијаспората да го искористи правото на глас

Демократската Унија за Интеграција денеска преку соопштение испрати апел до дијаспората од нашата земја да го искористи правото на глас, регистрирајќи се, како што велат од партијата да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија.

„Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август. Исто така, ги покануваме сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември“, стои во соопштението на ДУИ.

Од партијата додаваат дека референдумот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ е од исклучителна важност за иднината на Македонија и нејзините граѓаните.