24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Делови од општина Студеничани и Чаир во текот на утрешниот ден ќе останат без електрична енергија

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, како што информираат од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија во текот на утрешниот ден ќе останат делови од општините Студеничани и Чаир.

Во соопштението од „ЕВН Македонија“ информираат дека во периодот од 9 до 12 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Студеничани во општина Студеничани.

Во понеделник без струја во период од 9 до 13 часот ќе бидат и корисниците од зградата бр. 9 на улицата Методија Митевски во општина Чаир, се додава во соопштението.