8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Вдомиле куче, а потоа забележале дека ноќе не спие: Причината им ги скршила срцата (Видео)

Едно семејство вдомило куче, кое во истиот момент возвратило со љубов. Сакало да си игра со нивната ќерка, било послушно и многу брзо учело сè на што го поучувале.

Но, една вечер, забележале нешто многу чудно. Сфатиле дека нивното милениче не спие ноќе, туку стои пред нивната соба и ги набљудува. Тоа се повторувало секоја вечер и не знаеле што да прават.

Го однеле на ветеринар, каде после извршениот преглед се покажало дека кучето е сосема здраво.

Потоа се вратиле на местото од каде што го земале и тогаш ја слушнале неговата тажна приказна. Дознале дека неговите сопственици во засолништето го однеле ноќе и веќе никогаш не се вратиле.

Кучето во тој момент цврсто спиело, а кога се пробудило, сфатило дека останало без своето семејство од кое не успеало да се прости.

Кога ја слушнале тажната приказна, се расплакале и одлучиле да ја вратат довербата која кучето ја изгубило.

Го ставиле неговиот кревет до нивниот, за да му покажат дека сакаат да биде во нивната близина. По неколку недели, кучето конечно цврсто заспало и од тогаш неговиот страв не се вратил.