19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Селмани до дипломатите: Владата и опозицијата сакаат со јавни пари да водат политичка пропаганда во медиумите

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера и денеска се сретнаa со дипломати акредитирани во Скопје.

Како што информираат од ЗНМ, претседателот на здружението, Насер Селмани, и директорот Драган Секуловски имале одвоени средби со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Лукаш Холуб, како и со политичкиот советник во американската амбасада, Пол Граден.

На сите средби претседателот на ЗНМ изразил голема загриженост за последните измени на Изборниот законик за легализација на политичката пропаганда во медиумите со јавни пари и индиректна регулација на онлајн медиумите, кои, како што рекол, ќе имаат негативен ефект врз слободата на медиумите.

Селмани на соговорниците им објаснил дека владата и опозицијата сакаат со јавни пари да водат политичка пропаганда во медиумите за време на изборна кампања и со тоа, како што навел, да го вратат стариот коруптивен систем меѓу политиката и сопствениците на медиумите од времето на режимот на Груевски.

Селмани го изразил својот став дека парите што медиумите ќе ги добиваат од партиите за објавување политичка пропаганда ќе ги направи медиумите финансиски зависни, а тоа, според него, ќе влијае врз нивната уредувачка политика.

Тој ги повикал дипломатите да се заложат кај Владата по референдумот да се повлече можноста јавни пари да се користат за политичка пропаганда и да се отстрани можноста Државната изборна комисија да ги регистрира и казнува онлајн медиумите за време на изборна кампања или референдуми.

Претставниците на ЗНМ исто така сметаат дека јавните повици на високи претставници на власта до раководството на Македонската радио-телевизија да поднесе оставка е контрапродуктивно и не придонесува за реформа на јавниот сервис.

Спонзорирано: