14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Од 17 октомври користењето на марихуана ќе биде легално, но тоа не е се – доаѓа и ново пиво од канабис

„Ќе бидеме подготвени кога Канада ќе ја легализира марихуаната. Тоа ќе се случи на 17 октомври 2018 година, а храната и пијалаците со канабис ќе се легализираат една година подоцна. Ние ќе бидеме подготвени дотогаш и ќе бидеме први на пазарот“, вели производителот на пиво, Дом Вендшух. Пивото го прават од сувите стебла на растението.

„Повеќето производители користат цвет или листови на марихуана, а остатокот од стеблото го фрлаат бидејќи нема што да прават со него. Ние може да го добиеме овој материјал бесплатно бидејќи во спротивно ќе мора да плаќаат некого за да се ослободат од него“, вели тој.

Вендшух за „Гардијан“ открил дека првин имале проблеми со вкусот на пивото. „Тоа имаше вкус на расипана брокула. Беше ужасно“, признава тој. На крајот на краиштата, тие успеаја да ја постигнат вистинската комбинација на состојки што го дадоа совршениот вкус.

„Вкусот е сув и помалку сладок од класичните пива. Пивото многу бргу удира, што не е случај со другите прехранбени производи со марихуана“, додаде тој.