13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Ердоган додаде масло на огнот: Турција со најжесток одговор до американците

Турција денеска значително ги зголеми царинските давачки за неколку производи од САД, како што се автомобили или тутун, како одговор на сличната мерка преземена од Вашингтон во период на тензични односи меѓу двете земји.

„Царините за увоз на некои производи се зголемија реципрочно со оглед на произволните напади на американската администрација врз нашата економија“, напиша турскиот потпретседател Фуат Октај на „Твитер“.

Зголемувањето на царинските давачки за увозот беше најавено со указ што го потпиша претседателот Реџеп Таип Ердоган и беше објавен во официјалните весници.

Во мерката е вклучен широк спектар на производи, како што се спортски автомобили за кои царината сега изнесува 120 отсто, некои алкохолни пијалаци (140 отсто), тутун (60 проценти), како и ориз и некои козметички производи.

Според турската државна новинска агенција „Анадолија“, овие нови стапки претставуваат двојно зголемување во споредба со претходните царински надоместоци.

Одлуката доаѓа во време кога односите на Анкара и Вашингтон се на ниско ниво поради едно и полгодишното заробеништво на американски пастор во Турција, кој моментно е во куќен притвор.

Спонзорирано: