17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Талибанците ја презедоа воената база во провинцијата Фарјаб, 17 мртви

Во напад на талибанците на воената база во северен Авганистан убиени се 17 војници, а најмалку 19 се повредени, јави АП повикувајќи се на изјава на портпаролот на Министерството за одбрана во Кабул.

Бунтовниците во базата влегле во понеделникот доцна вечерта по тридневна опсада, рече Гафор Ахмад Џавад.

Еден од шефовите на локалните власти, Мохамед Тахир Рахмани, наведе дека талибанците успеале да ја преземат контролата над базата позната како Кам Чинаија, во која имало околу 140 припадници на авганистанската војска. Рахмани додава дека базата паднала во рацете на талибанците кога војниците по тридневните напади, не добиле зајакнување, а останале и без муниција, храна и вода.