17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

„Новости“: Москва е подготвена да ја поддржи Република Српска за прашањето за статусот

Москва е подготвена да ја поддржи Република Српска да го отвори прашањето за својата независност, особено во контекст на конечното решение за Косово и Метохија, пишува „Новости“.

Според сознанијата на весникот, оваа порака претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ќе му ја пренесе на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, кој на 16 и 17 септември ќе ги посети Сараево и Бања Лука.

Како што пишува „Новости“, Москва веќе неофицијално до Белград и Бања Лука испратила сигнал дека со голема внимателност го следи цврстиот став на Додик дека доколку Приштина добие столче во Обединетите нации или договорот за КиМ подразбира сличен исход, Српска ќе тргне по патот на осамостојувањето.

Весникот напоменува дека посетата на Лавров во Бања Лука се совпаѓа со разговорите што српскиот претседател, Александар Вучиќ, на 15 септември ќе ги води во Москва со рускиот претседател, Владимир Путин.