17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат јасен став за најважните прашања за државата

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не се изјасниле за референдумот, немаат јасен став за најважните прашања за државата и граѓаните. Цела деценија ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го изберат патот по кој ќе се движи државата во иднина, а сега кога референдумот е извесност, нема јасен став, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, тоа говори за несериозниот, неодговорен однос на оваа опозициска партија и нејзиното раководство кон граѓаните и иднината на државата.

„ЕУ и НАТО се нашата иднина. Секој што е за просперитетна иднина, со зачуван и зајакнат идентитет, ќе го поддржи референдумот на кој граѓаните ќе го имаат последниот збор. Време е Мицкоски да докаже на дело за што е. Ако е за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ, треба да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина. Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за одбрана на криминалот на неговиот претходник, за изолација, назадување и неизвесност. Граѓаните нема да дозволат однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја закочи македонската иднина. На 30 септември граѓаните слободно и достоинствено на референдум ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот со Грција“, се додава во соопштението.