20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Казни за користење на пластична амбалажа

Франција најави дека следната година ќе воведе казнени мерки што ќе ја зголемат цената на потрошувачката стока доколку биде спакувана во нерециклирана пластична амбалажа, објави Министерството за заштита на животната средина.

Овие мерки се дел од пакетот што владата планира да го активира, а вклучува и воведување систем за надомест за пластични боци, вели државната секретарка за еколошка транзиција, Брун Поирсон, за „Журнал диманшу“.

,,Не е доволно само да се објави војна на пластиката. Мораме да ја трансформираме француската економија”, вели таа.

Според новите планови, производите во рециклирана пластична амбалажа би можеле да бидат и до 10 отсто поевтини, а оние кои содржат нерециклирана пластика и 10 отсто поскапи, нагласува Поирсон. Франција во моментов рециклира околу 25 отсто од пластиката.