5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Возач на белградски автобус направил нешто преубаво за да смири расплакано бебе

Иван Филиповиќ, возач на белградски градски автобус на линијата 551, на своите патници им докажал дека се уште има добри луѓе на светот.

Филиповиќ преку разглас во автобусот пуштил детски песни за да смири расплакано бебе кое мајката не можела да го смири.

„Возачот на линијата 551 вечерва преку разглас пушти детски песнички за да помогне да се смири едно бебе. Да не зборувам како и нас не забавуваше и не врати во детството“, напишала на Твитер Ана Максимовиќ, мајка на детето, привлекувајќи го вниманието на целиот регион.

„Кај железничката станица влезе госпоѓа со бебе и само што тргнавме, бебето почна да плаче. Во автобусот температурата беше околу 25 степени, а надвор повеќе од 30, значи на бебето не му било жешко, туку едностано било вознемирено, можеби не било навикнато на такви патувања или на многу луѓе“.

„Бидејќи и самиот имам бебе од шест месеци, во телефонот имам доста снимени детски песни и се сетив дека би можел да ги пуштам. Бебето речиси веднаш се смири“, раскажал за Блиц Филиповиќ, кој како возач работи 15 години.