12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силен потрес во регионот: Почуствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 17.38 часот регистрирше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.0 чиј епицентар се наоѓа 115km југозападно од Скопје и се наоѓа во соседна Албанија.

Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа најсилно во Дебар околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар со интензитет од III-IV степени и во Скопје и Тетово со интензитет од III степени според истата скала, информираше Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Спонзорирано: