16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Иако ВМРО-ДПМНЕ нема став за референдумот, прогресивните сили ќе ја спасат Македонија од небиднина

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не се изјасниле за референдумот, сѐ уште не соопштуваат за што се, велат од владејачката СДСМ.

Оттаму како несоодветно го сметаат тоа што за, како што велат, најважното прашање за иднината на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став.

„Тоа до крајни граници ја покажува несериозноста, неодговорноста и загубеноста на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот и сосема поинаку ќе се однесуваше доколку им се дадеше амнестијата којашто ја бараа но не ја добија“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ сметаат дека Македонија нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ.

„Тоа се врвните стратешки државни и национални интереси. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека има друга алтернатива нека ја соопшти јавно“, велат од партијата.

Истакнуваат и дека граѓаните и сите прогресивни сили се обединиле околу иднината на земјава и нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација.

„На 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет. Граѓаните ќе кажат ‘да’ за македонската иднина“, стои во соопштението.