18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стравично: Близначки се удавиле на метар од мајката, додека таа си гледала во мобилниот

Осумгодишни близначки се удавиле во Кина додека нивната мајка била преокупирана со гледање во мобилниот телефон.

Жената признала во полиција дека гледала во мобилниот, а подоцна забележала дека ги нема нејзините деца.

Веднаш повикала полиција, која испратила 400 спасувачи да го пребараат подрачјето, а телата на девојчињата се пронајдени во морето во понеделникот, дека после нивното исчезнување.

Сестрите Пеј Јуанин и Пеј Јуантон го минувале распустот со мајката во Чингдау, популарно летувалиште одалечено околу 7 часа со автомобил од Пекинг, каде што живееле.

Кога нивната мајка забележала дека ги нема било 3 часот попладнето, а биле на дива плажа, каде нема спасувачи, водата достигнува длабочина до 6 метри, а девојчињата биле високи 120 сантиметри.

„China News” исто така наведува дека на плажата е забрането капење, но дека многумина сепак се капат.