3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциск изрази жалење за жртвите во Индонезија

Папата Франциск изрази жалење поради жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди индонезискиот туристички остров Ломбок.

Тој испратил телеграма во која изразил солидарност со жртвите од земјотресот и нивните најблиски и посочил дека ќе се моли за душите на мртвите и за мирот на оние кои тагуваат поради загубата на своите најблиски.

Во катастрофалниот земјотрес во Индонезија животот го загубија најмaлку 91 лице, додека повеќе од 200 лица се повредени. Голем број згради, куќи, патишта, мостови се уништениот во земјотресот.

Вчера од островот Ломбок беа евакуирани повеќе од 10 000 луѓе, вклучувајќи и голем број туристи.

Спонзорирано: