24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Двајца загинати и 60 повредени во експлозијата кај Болоња

Две лица загинаа, а 60-тина се повредени во големата експлозија во близина на италијанскиот град Болоња. Најмалку 14 од повредените се наоѓаат во критична состојба. До експлозијата која направила кратер на автопатот, дошло по сообраќајна несреќа во близина на аеродромот во Болоња, соопшти италијанската полиција. Според информациите се судриле цистерна која носела запаливи течности и неколку автомобили.

Експлозијата се слушнала околу 14 часот во областа Борго Панигале, на периферијата на градот.

Според видеата објавени на социјалните мрежи, дел од патот е уништен, а урнат е и надвозник. Полицијата соопшти дека автопатот на кој се случи несреќата е затворен.