17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Страшна сообраќајка на автопат кон Скопје – полицијата јавува за четворица повредени

Во 17,30 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Љубодраг, се случила сообраќајна незгода помеѓу четири возила: патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Н.(42) од Куманово, патничко моторно возило “Југо“ со скопски регистерски таблици, управувано од Б.Р.(70) од Скопје, патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од С.П.(58) од с.Умин Дол-кумановско и патничко моторно возило “Голф“ со странски регистерски таблици, управувано од Ј.Џ.(30) од с.Арачиново-скопско.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничката болница во Куманово биле пренесени сопатник од патничко моторно возило “Голф“ К.Н. и сопатник од патничко моторно возило “Југо“ С.Р. и од страна на лекар кај К.Н. констатирани биле тешки телесни повреди, а кај С.Р. констатирани биле телесни повреди.

За укажување на лекарска помош се јавиле и возачот А.Н. и уште двајца сопатници во истото возило, како и возачот Б.Р. и кај истите од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.