17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев-Палмер: Граѓаните треба слободно да се изјаснат на референдумот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, попладневно одржа средба со вршителот на должност заменик на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер.

Владината прес-служба соопшти дека на средбата станало збор за политичките процеси во земјата, како и за подготовките за реализирање на претстојниот референдум закажан за 30 септември, при што заеднички било оценето дека ова е историски настан во кој граѓаните треба целосно да се вклучат и да ја имаат можноста слободно да се изјаснат.

„На средбата беше истакнато дека потпишувањето на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција е позитивен пример за целиот регион на Југоисточна Европа во насока на решавање на отворените прашања, гарантирање стабилност, подобрување на добрососедските односи и продлабочување на економската соработка“, соопшти владината прес-служба.

Заев во рамките на средбата изразил благодарност за силната поддршка од страна на САД за време на неодамнешниот самит на НАТО во Брисел кога нашата земја ја доби поканата за почнување на преговорите за членство во НАТО.

Двете страни се согласиле дека во иднина ќе продолжи и ќе зајакне стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД.