20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вонредна: Се урна авион со 100 патници, ситуацијата драматична!

Авион со 97 патник и 4 членови на екипажот во мексиканскиот град Дуранго, јавуваат локалните медиуми.

Авиокомпанијата Аеромексико напиша на социјалната мрежа Твитер дека се запознаени со инцидентот и оти работат на добивање повеќе информации.

Гувернерот на сојузната држава Дуранго, Хозе Аиспуро исто така, на Твитер напиша дека засега нема официјална бројка на загинати.

Локалните медиуми јавуваат дека несреќата се случила пет минути по полетувањето, и оти биле забележани патници кои шетаат на пат во близина, барајќи помош.

Авионот летал од Меѓународниот аеродром Дуранго до главниот град, Мексико Сити. Капацитетот на леталото е за 100 луѓе.

Екипите на Итната медицинска помош и противпожарните служби се веже на теренот, а од фотографиите од местото на настанот може да се види чад кој излегува од леталото.