16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Прашањето на референдумот е јасно – иднина или изолација

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во антидржавното однесување преку кое по секоја цена се обидуваат да ја закочат македонската иднина, се вели во соопштението на владејачкиот СДСМ, испратено како реакција на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

„Со решавањето на македонско-грчкиот спор се отвораат вратите за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Конечниот договор со Грција е за да може Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО и затоа реферндумското прашање е јасно и е едно и единствено“, наведуваат од СДСМ.

Прашањето на референдумот е јасно – иднина или изолација, а доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е, сметаат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а како што велат, само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација.

„Се обедниија сите што се за напредок на Македонија, освен Мицкоски, кој сака изолација, назадување и неизвесност. Сите политички фактори што се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост“, стои во соопштението.

Во него се наведува и дека без разлика на антидржавното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија ќе ја искористат историската шанса за напредок.

„Граѓаните ќе ја реализираат директната можност да бидеме рамо до рамо со големите сили како Македонци со нашиот македонски јазик и идентитет, загарантирани и потврдени со конкретни членови во договорот од Преспа. Никој нема да ја закочи македонската иднина. Македонците и граѓаните на Македонија ќе одлучат дека со нашиот македонски идентитет ќе станеме членка на НАТО и ЕУ и ќе го реализираме договорот со Грција“, сметаат од СДСМ.

Спонзорирано: