15.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Познатиот метеоролог тврди: Доаѓа пекол, температурите на ова место ќе стигнат и до 50 степени

Метеоролошката станица Severe Weather Europe вчера соопшти дека неделава се очекуваат екстремно високи температури на Пиринејскиот Полуостров, кои може да надминат и 45 Целзиусови степени.

Денеска беше објавено дека екстремниот топлотен бран е веќе потврден на полуостровот и дека температурите ќе достигнат дури и 50 степени.

Особено високи температури се очекуваат во некои делови од западна Шпанија и во централните делови на Португалија.

Според информациите, температурите ќе бидат во постојан пораст до крајот на неделава кога треба да ја достигнат и својата кулуминација.