20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

И натаму се зголемува бројот на жртвите од катастрофата во Грција

Грчката пристанишна полиција објави дека по пожарот од 23 јули, кој избувна во приморски населби во близина на Атина, во морето пронашла уште две тела, со што бројот на жртвите се искачи на 93 лица.

Патролите продолжуваат со потрага по евентуални нови жртви, објави агенцијата „Франс прес“.

Повеќето од жртвите загинале во пожарот што се случи во близина на Атина и се верува дека бил подметнат, а некои се удавиле панично бегајќи во морето.

Властите објавија дека уништени се 1.046 куќи во областа во која се изградени 3.676 објекти.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вчера ја посети погодената област и ја презеде одговорноста за катастрофата, но не ги доведе во прашање управувањето и акцијата на спасувачките тимови, иако опозицијата и медиумите ги критикуваа недостатоците во координацијата меѓу службите.