20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лидерот на опозицијата се враќа во Конго по две години

Конгоанскиот лидер на опозицијата, Моис Катумби, се враќа во земјата по двегодишниот егзил за да поднесе кандидатура за претседателски избори во декември.

„Ројтерс“ наведува дека на Катумба и на уште еден истакнат член на опозицијата, Жан-Пјер Бемба, властите може да им забранат учество во претседателските избори, со што ќе им овозможат полесен пат до победа на сегашниот претседател Џозеф Кабила или на неговиот избран наследник.

Во мај 2016 година Катумби ја напушти Демократската Република Конго, а властите го обвинија за заговор против Кабил.

Тој беше осуден на три години затвор во јуни 2016 година за наводна измама со недвижен имот. Катумби тоа го негираше истакнувајќи дека обвинувањето има за цел да го спречи да се кандидира на изборите.

Кабила е на власт од 2001 година, кога беше извршен атентатот врз неговиот татко. Ако се кандидира по третпат на претседателските избори на 23 декември, ќе го прекрши Уставот, но неговите сојузници велат дека постои законска одредба со која тој повторно може да се кандидира, според „Ројтерс“.

Крајниот рок за пријавување претседателски кандидати е 8 август.