18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Шанса за работа: Нутела бара дегустатори, не е потребно никакво работно искуство

Италијанскиот произведувач на слатки „Фереро“ ја нуди најслатката работа на светот – бара дегустатори.

„Фереро“ објави оглас во кој бара 90 дегустатори кои ќе тестираат какао, лешници и други сирови производи за производство на познатите производи.

Компанијата на заинтересираните им нуди договор на половина работно време.

Имено, работата предвидува два работни денови неделно во седиштето на компанијата во Алба.

За добивање на работата не е потребно никакво искуство, туку важно е само кандидатите да немаат никакви алергии на храна.

Избраните кандидати се обврзуваат од 30 септември да посетат тримесечен курс, а на крај 40 лица ќе бидат избрани како дегустатори на чоколадо.

Покрај „Нутела“ Фереро ги произведува и „Рафаело“, „Мон Шери“ и „Фереро Роше“ колачињата.