21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТ

Ципрас: Преземам целосна политичка одговорност за смртоносните пожари

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека презема целосна политичка одговорност за смртоносните пожари во Атина во кои животот го загубија 87 луѓе. Ципрас ова им го рекол на министрите, по бројните критики на сметка на владата поради пропусти, пренесе „Ројтерс“.

Тој додал дека владата наскоро ќе излезе со национален план со мерки како да се излезе на крај со повеќедецениските проблеми со нелегалната градба. Грчкиот премиер нагласил дека постојат индиции дека пожарот бил намернои подметнат.

Како што пренесуваат медиумите, Ципрас свикал итен состанок на кабинетот, поради сè пожестоките критики на сметка на владата, дека не реагирала на најдобар начин. Опозицијата ја обвинила владата за ароганција и неуспех да ги заштити животите на граѓаните во пожарите кои го опустошија градот Мати.

Спонзорирано: