26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведувања во Македонија – досега 29 лица завршија во полициска станица

Денеска во периодот од 05:00 до 06:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на тетовското подрачје.

Притоа на две локации во Тетово и во сло Џепчиште биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници. Лицата биле приведени во полициска станица по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.