21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Времето полуде: Кај нас невреме, во источниот и западниот дел на Европа невиден топлотен бран

Средиштето на топлотниот бран се наоѓа во западниот дел на Франција, односно во источниот дел на Германија, а врвот на топлотниот бран се очекува денеска, но нема да попушти ниту за време на викендот. Метеоролошката страница „Акуведер“ објави дека исклучително високите температури се очекуваат и за време на викендот, а иста прогноза дава и „Сивир ведер Јуроп“.

Како што пренесува „Гардијан“ во Велика Британија паѓаат рекордите, а се појавиле и неочекувани проблеми од топлотниот бран. Температурите почнале да влијаат и на железничката инфраструктура, поради што возовите возат побавно. Проблемите не ги создава само температурата, туку и невремето и грмотевиците на северот од земјата.

Инаку според метеоролозите во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Потоа продолжува периодот на променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.

Кон средината на наредната седмица се очекува извесно стабилизирање на временската состојба. Дневната температура ќе бележи благ пораст.

Спонзорирано: