17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма во Скопје: Му дошле дома и го прободиле со нож

На 25.07.2018 година околу 12,00 часот В.Д.(20) од Скопје пријавил дека околу 02,30 часот во неговиот стан во Скопје влегле три лица со фантомки.

До моментот на пријавата лицата насилно го држеле во станот, a при излегување од станот едно од лицата со остар предмет му нанелo убодна рана. Оштетениот во пријавата посочил дека одземен му бил лап топ, мобилниот телефон и пари, по што лицата го напуштиле местото на настанот, а оштетениот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.