14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес

Владина делегација во состав Драган Тевдовски, министер за финансии, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација и Зорица Апостолска, министерка задолжена за странски инвестиции, утрово оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје, во 1963-та година, соопшти владината прес-служба.

„Одбележувањето на 26-ти јули, кога се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, за Владата е сеќавање на бројните жртви, но и вечен потсетник за сочувството, помошта и солидарноста што ги покажа светот кон семејствата на загинатите и кон градот Скопје. Тоа е наша обврска, да возвраќаме со сочувство и помош кон оние на кои им е потребно, да градиме општество врз темелите на солидарноста и да продолжиме да го развиваме главниот град со ентузијазмот и прогресивната визија, со којашто беше обновен“, се вели во соопштението на Владата.