11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со фантомки му влегле во станот: Прободен млад скопјанец, бил малтретиран со часови

Во 12 часот 20-годишниот В.Д. од Скопје пријавил дека околу 02,30 часот во неговиот стан во Скопје влегле три лица со фантомки. До моментот на пријавата лицата насилно го држеле во станот, a при излегување од станот едно од лицата со остар предмет му нанелo убодна рана.

Во пријавата посочил дека одземен му бил лап топ, мобилниот телефон и пари, по што лицата го напуштиле местото на настанот, а тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.