14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Славење низ улиците: Втората по големина муслиманска земја во светот добива необичен премиер

Пакистанскиот политичар Имран Кан, некогашен многу популарен играч на крикет, е во водство со неговата партија по вчерашните избори, а неговите противници обвинуваат дека во пребројувањето на гласовите има неправилности.


Досега се преброени речиси половина од гласовите, а на прво место е Пакистанското движење за правда (ПТИ) на Кан. Во моментов ПТИ води во 113 од вкупно 272 изборни единици, пренесува Би-би-си.

Приврзаниците на затворениот поранешен премиер, Наваз Шариф, тврдат дека ваквиот процес на броење гласови ја нарушува демократијата.

Претседателот на Државната изборна комисија, Сардар Мохамад Раза, изјави дека „изборите се 100 проценти фер и транспарентни”, но не можеше да каже кога тоа ќе бидат објавени конечните резултати.

Пакистанската берза зајакна за речиси два проценти во утринската трговија, кога стана јасно дека идната коалициска влада најверојатно нема да биде слаба.