16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Eдногласно одобрeна помошта од Скопје за Грција

Советот на Град Скопје на втората вонредна седница едногласно ја донесе одлуката за давање парична помош на настраданите во катастрофалните пожари во Република Грција.

Со оваа одлука, како израз на солидарност спрема настраданите во катастрофалните пожари во Република Грција, Градот Скопје додели помош во износ од 2 милиони денари, поточно парична помош во износ од милион денари и непарична помош, исто така, во износ од милион денари.

„Денеска е тажен ден за нашиот град. Денеска одбележуваме точно 55 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година и се совпадна на овој ден кога ние треба да возвратиме на хуманоста која нашиот град ја доби од целокупната меѓународна заедница. Според последните податоци коишто се достапни во овој момент, загинати се 81 лице, а нанесена е огромна материјална штета“, кажа градоначалникот Шилегов.

Скопје стана град на солидарност и хуманост по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа над илјада луѓе. Веднаш по катастрофата, целиот свет застана зад Скопје. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји собираа и донираа помош за Скопје.