15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД ѝ се заканија на Турција со економски санкции ако не биде ослободен американскиот пастор

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, ѝ се закани на Турција со економски санкции доколку властите во Анкара не го ослободат американскиот пастор, кој беше притворен под обвинение за шпионажа и тероризам.

Пенс рекол дека ако Турција веднаш не преземе мерки за ослободување на Ендру Крег Брансон, САД ќе ѝ воведат сериозни економски мерки.

Брансон (50), евангелистички христијански проповедник од Северна Каролина, беше ослободен од затвор вчера, каде што помина две години за да биде во домашен притвор поради проблеми со здравјето, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.

Американскиот претседател Доналд Трамп неколкупати побара ослободување на проповедникот, а минатата недела на „Твитер“ објави дека притворањето на Брансон е срамно.