Centar.mk
СВЕТ

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни испораки на оружје за Израел доколку извршат голем напад врз градот Рафа во јужниот дел на Газа.

„За ова во моментов се разговара“, изјави министерот за германскиот медиум ЗДФ во четвртокот навечер. Сепак, одговорноста за тоа е на канцеларката и на Министерството за надворешни работи, додаде тој.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

За тоа зборуваа „зад затворени врати“. На прашањето дали го разбира потегот на американската влада, Писториус рече: „Да, можам да го разберам тоа“.

Израелските операции во Рафа во моментов се главно ограничени на источниот дел на градот, каде на почетокот на неделата беше издадена наредба за евакуација.

САД се главниот поддржувач на Израел, но претседателот Џо Бајден се закани дека дополнително ќе ги прекине испораките доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху започне голема офанзива. Израел вели дека целта на операцијата Рафа е да се елиминира палестинската екстремистичка организација Хамас./Извор: Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСТОНИЈА ЈА ЗАТВОРА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА НА ШЕСТ МЕСЕЦИ – Нови безбедносни мерки на истокот на Европа

ДЕСК

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК

СЕЛО ВО АНГЛИЈА ГЛАСАШЕ ЗА „ОТЦЕПУВАЊЕ“ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Причината се плановите за сместување мигранти

ДЕСК