9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Расте бројот на жртви од пожарите во Грција

Бројот на жртви во шумските пожари кои го опустошија предградието на Атина се зголеми на 82 лица.

Противпожарните служби, грчките војници и спасувачите волонтери вчера ги откриле новите тела.

Меѓу жртвите е 88-годишна жена, мајка на Никос Јанопулос, кој со сопругата и двете деца стоел пред нејзината запалена куќа, додека спасувачите ја пребарувале секоја просторија. Телото на старицата спасувачите на крајот го пронашле во тоалетот. Јанопулос пре медиумите изјави дека претходно и тој ја пребарал куќата, но не го препознал пеплосаното тело.

„Умре беспомошна. Јас во пожарот го загубив домот кој е во близина, а мајка ми изгоре. Толку луѓе настрадаа што на спасувачите им беа потребни три дена за да ја пронајдат“, рече Јанопулос.

Медиумите пишуваат и за потрагата по двете деветгодишни близначки Софија и Василики, чијшто татко верува дека ги видел на видео на брод.

Спонзорирано: