23.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавена снимката во која претседателот договара исплата на поранешна плејбој-зајачица

Американската телевизија Си-ен-ен објави снимка на која Доналд Трамп разговара со својот тогашен адвокат Мајкл Коен за начинот на исплата на Карен Мекдугал, поранешна плејбој-зајачица, која се закани дека ќе ги објави деталите за аферата со американскиот претседател.

Телевизијата Си-ен-ен ексклузивно ја објави снимката во емисијата Couomo Prime Time, а се работи за запис што е пронајден во почетокот на минатата година за време на претресот на куќата на Коен. Снимката е создадена два месеца пред претседателските избори.

Записот пронајден во куќата на адвокатот нуди увид во доверливиот разговор на Трамп и Коен потврдувајќи дека американскиот претседател бил запознаен со предлогот за откупување на правата на приказната на поранешната плејбој-зајачица Карен Мекдугал.