14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Драматично видео од Истанбул: За миг се сруши цела зграда

Жителите на Истанбул деновиве биле сведоци на несекојдневна глетка кога една станбена зграда во тој град се срушила пред нивните очи.

Причината за рушењето бил дождот кој предизвикал лизгање на земјиштето. До рушењето на зградата дошло после одрон на земја под нејзините темели.

Локалните власти повикале пожарникари, полиција и итна помош додека жителите гледале како повеќекатницата се руши.

Полицијата ја затворила улицата за пешаци и возила. Зградата на крај се срушила, но за среќа немало повредени.