18.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се запали туристички брод во Шпанија, најмалку пет лица се повредени

Туристички брод со 48 патници се запалил по судир со друг брод на северозападот на Шпанија. Локалните медиуми објавија дека најмалку пет лица се повредени. Несреќата се случила во близина на островот Тоха. Повеќето патници скокнале од бродовите во морето за да се спасат.

Неколку патници се пренесени во болница со изгореници и други повреди, а многумина од нив се во шок, јавија локалните медиуми.

Бродот превезувал патници од брегот на Галиција до малиот остров Тоха на еднодневен излет.