22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдено возило со експлозив во близина на Париз

Возилото во чиј багажник имаше експлозив е пронајдено во близина на Париз, пренесува францускиот весник „Паризиен“ повикувајќи се на добро информирани извори.

Според првите елементи на истрагата, сè започнало со обична рутинска контрола на полицајците на една бензинска пумпа. Возачот што бил подложен на контрола веднаш избегал со автомобилот предизвикувајќи сомничавост кај припадниците на безбедносните сили.

Возилото било пронајдено напуштено во текот на ноќта, а во багажникот имало експлозив и голем број лажни регистарски таблички.

Франција сè уште е во состојба на готовност по серијата терористички напади од 2015 година.

Спонзорирано: