12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија – еве каде ќе биде најкритично

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во западните и крајните источни делови, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен.

Утре понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен сверозападен ветер.

Дневната температура и во наредните денови ќе биде малку под просекот за овој период од годината.