20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Времето се менува: Еве што прогнозираат синоптичарите за наредниве денови

Следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Утре врнежите ќе бидат поретки, но ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, па дневната температура во наредните денови повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 6. Дневната температура ќе се движи од 19 до 32 степени.