21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи Христијан Мицковски – еве што соопшти

Христијан Мицковски по изјавата на лидерската средба се огласи на Фејсбук со вест за средбата.

Тој по средбата истакна дека се против двосмислено прашање на референдумот.

Претходното пак, премиерот Зоран Заев по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници рече дека Република Македонија е одлучна за иднината на НАТО и ЕУ и дека сите се уморни од кризи, омрази и поделби.

„За жал, Мицкоски не го препозна моментот. Наместо да го фати возот, остана на мрачната страна на историјата. По третата средба стана јасно дека Мицкоски лаже кога тврди дека на ова раководство му е важно техничка влада, ДИК… Тој лаже дека Македонија сака да биде во ЕУ и дека се бори за чесен референдум. Тој проба да ги прикрие вистинските намери. Откако виде дека нема намера да преговараме за амнестија, немаше намера да се договори. Ако нема амнестија нема договор, со тие позиции беше тој. Сè доби во пакет, а единствено требаше да ги повика од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат по сопствено уверување“, рече Заев.

Заев порача дека нема да дозволат раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја држи Македонија во заложништво.

Спонзорирано: