5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Инстаграм воведува опција која сигурно нема да ви се допадне

Сервисот на Инстаграм за директни пораки добива нова опција која на корисниците ќе им открива кој од нивните пријатели се „онлајн“ и со кого можат да разговараат.

Активен статус на Инстаграм се искажува со помош на зелена точка која се наоѓа на профилната слика на корисникот.

Оваа функција веќе некое време е присутна на Фејсбук Месинџер апликацијата.

Зелената точка ќе биде видлива секаде на Инстаграм. На пример, може да се појави во Direct inbox покрај профилната слика на онлајн корисник, или во листата контакти кога се обидувате да испратите слика на пријателите со помош на Direct алатката за испраќање пораки.

Секако, ќе постои и опција која на корисниците им дозволува да ја блокираат оваа функција и така да спречат некој да знае дали се „онлајн“ или не.

А кога некој е „офлајн“, исто така ќе можете да видите кога последен пат бил активен.